ВИДЕО: Меси не е од оваа планета – даде гол со „паненка“ од слободен удар!

Аргентинскиот виртуоз Лионел Меси во триумфот на Барселона против Еспањол уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите во историјата на фудбалот со атрактивен погодок.

Ѕвездата на каталонскиот гигант шутираше од слободен удар, а противничкиот голман го надмудри со „паненка“ од прекин. Досега, ретко кој фудбалер се обидел да направи такво нешто и успеал во намерата.

  • Погледнете го ремек-делото на Лионел Меси на кое аплаудираа сите присутни на „Камп Ноу“:

  • Супер-дриблингот на Меси на почетокот од натпреварот: 

Каталонското дерби вторпат оваа сезона им припадна на момците на Валверде, кои се радуваа со 2-0 со два гола во вториот дел.