Меси на чекор до нов историски рекорд – една легенда е пред него

Лионел Меси е сè поблиску до соборување на уште еден импресивен рекорд во својата блескава кариера. Аргентинската суперѕвезда го постигна својот 75-ти гол од слободен удар во ремито на Интер Мајами против Сан Диего и сега е само три погодоци од врвот на вечната листа.

Со овој гол, Меси стигна до вкупно 930 погодоци во сениорскиот фудбал, а воедно се искачи сам на второто место на листата на играчи со најмногу голови од директни слободни удари. Зад себе го остави Бразилецот Жаир да Роса Пинто, кој во кариерата постигна 74 вакви погодоци.

Пред 39-годишниот Аргентинец останува само уште еден фудбалер, легендарниот бразилски офанзивен играч Марселињо, кој во периодот од 1988 до 2009 година постигна 78 голови од слободен удар.