ВИДЕО: Меси му удри БОКС на ривал и доби прв црвен картон во Барселона!

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, ги загуби нервите пред крајот на натпреварот против Атлетик Билбао (2-3) во Суперкупот на Шпанија и доби директен црвен картон поради неспортски потег.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Вилијамс со мајсторија ја „расплака“ Барса и на Билбао му донесе Суперкуп трофеј!

При еден дуел со противнички играч, Меси му удри бокс во вратот. Судиите решија да прегледуваат ВАР, а откако стана јасно дека Аргентинецот постапил неспортски, му беше покажан патот кон соблекувалната.

  • Црвениот картон на Лео Меси:

Ова беше прв црвен картон за Лионел Меси во долгогодишната кариера во Барселона. Претходно тој „поцрвенуваше“ само како играч на Аргентина.

Аргентинецот ризикува четири натпревари суспензија, а таа е пренослива и може да пропушти натпревари од шампионатот и Купот на Кралот.