Меси може да е среќен – доби мала суспензија за боксот и црвениот картон!

Меси

Лионел Меси заработи црвен картон во финалето на шпанскиот Суперкуп, кој го освои екипата на Атлетик Билбао.

Најдобриот играч на Барселона не помина без казна, откако удри противнички фудбалер на средината од теренот. ВАР-собата реагираше и му сугерираше на судијата да го исклучи членот на Каталонците.

Аргентинецот го заработи првиот црвен картон во кариерата на „Камп Ноу“. Меси може да биде среќен, затоа што дисциплинската комисија реши да му додели блага казна и да го суспендира на две средби. Суспензијата важи во сите натпреварувања во Шпанија.

33-годишникот најави дека ќе замине на крајот од сезоната. За него има интерес од ПСЖ и Манчестер Сити. Останува да се види дали ќе одлучи да заигра покрај Нејмар, или пак, одново ќе соработува со Пеп Гвардиола во Премиер лигата.