„Меси ме виде тажен, ме утеши и од тој момент започна нашето големо пријателство“

Меси и Нејмар

Лионел Меси и Нејмар ја делеа соблекувалната во Барселона цели четири години и докажаа дека големи ѕвезди од нивниот ранг можат да играат заедно во иста екипа. Двајцата беа неразделни од самиот почеток, а Бразилецот ја раскажа ситуацијата кога започна нивното големо пријателство.

„Меси ме виде дека скоро да не заплакав на едно полувреме, бидејќи не бев задоволен од мојата игра. Ми пријде и ми се обрати со зборовите: 'Мораш да бидеш тој што си. Не смееш да се заплашуваш и продолжи да ја играш твојата игра'. Сакал или не, понекогаш ти доаѓа да се срамиш покрај толку многу ѕвезди. Откако го имавме тој разговор, јас започнав да го играм мојот најдобар фудбал и да блескам на теренот. Тогаш се опуштив, а од тој момент започна едно големо пријателство“, вели бразилскиот фудбалер.

Од минатата сезона, Нејмар настапува во ПСЖ, каде се пресели за рекорден трансфер од 222 милиони евра.