Меси: Ме болеше што го делев врвот со Кристијано...

Меси Роналдо

Лионел Меси одново застана на врвот на светскиот фудбал и ја освои рекордната шеста „Златна топка“. Тоа значи дека сега тој има една повеќе од лутиот ривал Кристијано Роналдо, кој доби гласови само за третата позиција.

Аргентинецот вели дека е среќен за наградата и фактот што одново се осамостои на врвот, во однос на Португалецот од Јувентус.

„Уживав да имам пет и да бидам единствен со тоа достигнување. Кога Кристијано стигна на истото ниво, признавам дека тоа ме повреди малку. Повеќе не бев сам на врвот. Но, имаше смисла, иако беше добро кога бев сам со пет награди.

На крај, прашање е што сака секој индивидуалец. Некои го сакаат Кристијано, некои мене, а некои Нејмар или Мбапе. Луѓето имаат право на свој личен избор“, изјави 32-годишниот член на Барселона.

Последен пат Меси се радувал на ова престижно одличје во 2015 година. Роналдо двапати и Модриќ еднаш ја добија трката во претходните три години.