• Сашо Поповски

Аргентина со втора победа во низа го освои првото место во својата група и обезбеди очекуван пласман во осминафиналето на Светското првенство 2022.
Лионел Меси промаши пенал во првиот дел против Полска. Капитенот на јужноамериканската репрезентација не искористи удар од белата точка, за што смета беше момент кој го разбуди неговиот тим.
„Лут сум на себе поради промашениот пенал. Имам впечаток дека тимот беше посилен по таа моја грешка. Знаевме дека ако го постигнеме првиот гол, тоа може да промени сè.
Мислам дека натпреварот со Австралија ќе биде многу тежок. Секој може да победи секого, сè е некако изедначено. Мора да се подготвиме за тој натпревар на најдобар можен начин, како што тоа обично го правиме“, порача Меси.
Аргентинците го стартуваа турнирот со пораз од Саудиска Арабија. Следуваа два натпревари на кои „гаучосите“ покажаа зошто се во потесниот круг фаворити за светската титула.