Меси ќе игра на Светското клупско првенство во САД, Интер Мајами е 31. учесник

Интер Мајами како најдоброрангирана МЛС екипа ќе биде 31-виот учесник на Светското клупско првенство на ФИФА кое ќе се игра во Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули 2025 година. 

Оваа вест на сопственикот на клубот Дејвид Бекам, директно му ја потврди претседателот на ФИФА, Џани Инфантино по натпреварот против Њу Ингланд, кој заврши со победа на Интер Мајами од 6-2 со хет-трик на Лионел Меси.

Интер ќе биде домаќин на отворањето на Светското првенство на својот стадион, а последниот 32. учесник ќе биде познат по финалето на Копа Либертадорес во декември. Во конкуренција се Атлетико Минеиро, Пењарол, Ботафого, Олимпија Асунсион и Ривер Плата, која веќе се квалификуваше. 

Доколку аргентинскиот тим го освои Копа Либертадорес, победникот на Копа Судамерикана ќе оди на Светското првенство.