Меси ќе добие нов тренер, Тата Мартино се раздели со Интер Мајами

Лионел Меси ќе добие нов тренер, откако Интер Мајами сврте нов „лист“ и одлучи да го смени тренерот.  Интер Мајами сезонава не постигна резултатски успех, а по испаѓањето од МЛС Купот остана и без тренер.

Херардо Мартино ја напушти клупата на Интер, а причината не се резултатите. Искусниот аргентински стручњак го напушти Мајами поради, како што се вели, лични причини. Интер од Мајами не го постигна резултатот кој го посакуваше и очекуваше, па сега ќе мора да бара нов тренер. Ниту Лионел Меси ниту Луис Суарез не помогнаа, па Мајами следната година ќе мора да бара успех со нов тренер.

Интер Мајами беше претставен како фаворит за освојување на ова натпреварување, но шокантно беше елиминиран уште во првото коло од Атланта Јунајтед.

Мартино како тренер на клубот од Флорида беше на клупата на 67 натпревари и оствари 38 победи.