• Иван Димовски
Лионел Меси даде интересна изјава по победата на неговата репрезентација Аргентина против Венецуела (3-0) во претпоследното коло од квалификациите за Светското првенство.
Ова најверојатно беше последниот официјален натпревар за Меси на домашно тло во родната земја, па емоциите беа на високо ниво. Тој доби достојно простување, а по мечот даде изјава која изненади многумина.
„Со години имав наклонетост кон Барселона, а мојот сон беше да имам простување и тука, во мојата земја со моите луѓе. Ќе ги паметам убавите моменти.
Уште не сум донел одлука за иднината и играњето на Светското првенство, не размислувам на тоа во моментов. Поради моите години најлогично е дека нема да успеам да бидам дел од тимот кој ќе игра на Мундијалот. Ќе се водам по тоа како се чувствувам, се трудам да бидам искрен кон себе и другите. Немам донесено одлука, но ќе размислам добро“, изјави Меси.
Аргентинецот кој во јуни наполни 38 години настапува за Интер Мајами, а според неговите зборови настап на уште еден последен Мундијал е под знак прашалник.







