Меси имал клаузула и можел да замине од Барса без обештетување, но...

Лионел Меси има важечки договор со Барселона уште на една сезона, а сè уште не ставил потпис на негово продолжување. Тоа даде сила на бројните шпекулации околу неговото заминување. 

Угледниот „ЕСПН“ објави интересна информација околу скриена клаузула во договорот на Аргентинецот. Се работи за можноста на играчот да замине од Барселона без обештетување, по завршувањето на оваа сезона, доколку изрази желба. 

Сепак, поради светската здравствена криза сезоната се продолжува и во текот на летото, па „ЕСПН“ наведе дека оваа клаузула престанала да важи на првиот ден од јуни и фудбалерот останува во клубот.

Меси е во Барселона од почетокот на својата професионална кариера, но очигледно не сака да ја смени средината, а доколку реши да замине тоа би можело да биде пред самиот крај на кариерата и тоа само во Њу Олд Бојс.