• Саше Љолес
Интер Мајами официјално го назначи аргентинскиот стручњак Кристијан „Кили“ Гонзалез за нов шеф на стручниот штаб. Тој на клупата ќе го наследи сонародникот Гиљермо Хојос, кој заминува по серијата лоши резултати и елиминацијата од Лига купот.
Поранешниот аргентински репрезентативец зад себе има богата играчка кариера. Гонзалес настапуваше за Росарио Сентрал, Бока Јуниорс, Реал Сарагоса, Валенсија и Интер, а за националниот тим на Аргентина одигра 56 натпревари.
Во тренерската кариера досега ги предводеше Росарио Сентрал, Унион Санта Фе и Платенсе. Од октомври 2025 година беше без ангажман, откако си замина од Платенсе.
Сепак, Гонзалез нема веднаш да седне на клупата. Аргентинецот ќе ги преземе обврските официјално откако ќе ги добие потребните работни дозволи во Соединетите Американски Држави. Дотогаш, Хојос ќе остане привремено задолжен за екипата и ќе го води тимот во преодниот период.
За Гонзалез ова ќе биде голем предизвик, бидејќи во Интер Мајами ќе работи со Лионел Меси, со кого имаат заедничко минато во аргентинската репрезентација. Новиот тренер ќе има задача да го прекине лошиот период на тимот и повторно да го врати Интер Мајами во борбата за највисоките позиции во МЛС лигата.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.





