Меси игра незаинтересирано, ова е најлошата Барселона во последните 29 години

Меси Лионел

Поразот кај Атлетико Мадрид е нов удар за Роналд Куман и Барселона. Каталонците загубија на уште еден натпревар во Примера и останаа на 11 бода по осум одиграни натпревари.

Овој учинок е поразителен и не е виден на контото на тимот од „Камп Ноу“ од далечната 1991 година. Таа сезона екипата исто така освои идентичен број на бодови и запиша очаен старт.

Диего Симеоне ја прекина серијата од 20 натпревари без победа против Барса во шпанското првенство. Трите бода на домашен терен ги обезбеди Јаник Караско кој ја казни лошата реакција на Тер Штеген.

Најголема вина за резултатите на каталонскиот клуб во очите на фановите има кај Лионел Меси. Првата ѕвезда на тимот игра незаинтересирано, откако пред неколку месеци најави заминување, поради начинот на кој што управата го водеше клубот во изминатите години.

Мала утеха за навивачите на Барселона е фактот што во сезоната 1991/92 и покрај лошиот старт, екипата заврши како шампион со еден бод пред големиот ривал Реал Мадрид.