• Саше Љолес
Екипата на Интер Мајами им се врати на победите во МЛС лигата и славеше со убедливи 4-1 над Њујорк Ред Булс, со што се искачи на четвртата позиција во источната конференција.
Лионел Меси и Луис Суарез беа во почетниот состав кај „розевите“, а воедно и се запишаа во листата на стрелците, која ја надополнија Фафа Пиколт и Марсело Веигант. Почесниот погодок за гостите го постигна Ерик Чупо-Мотинг пред истекот на првото полувреме.
Суарез беше прогласен за играч на мечот (подели и една асистенција), а Меси изведе една супер-акција со Теласко Сеговија и успеа да го матира противничкиот голман. Интер Мајами има скор од 6 победи, три ремија и само еден пораз по десет одиграни кола.