Меси и Роналдо изостанаа: Анри ја одбра најдобрата „петорка“ за мал фудбал

Анри

Поранешниот европски и светски првак со Франција, Тјери Анри, направи листа од пет фудбалски имиња со кои би ја составил својата екипа за мал фудбал.

Меѓу нив нема место за Кристијано Роналдо, Лионел Меси, ниту пак за бразилскиот Роналдо.

„Јас би се одлучил за Пеле, Марадона, Кројф, Бекенбауер и Михаел Лаудруп. Никогаш не сум разбирал зошто тој беше толку потценет ... Кога зборувате за елитниот фудбал, неговото име треба да биде таму“, открива Французинот.

Звучни отсуства од поранешниот соиграчи на голгетерот се уште и Денис Бергкамп и Роналдињо.