• Сашо Поповски

Фудбалерите на ПСЖ со убедливо издение против Клуб Бриж (4-1) пред своите гледачи го заокружија настапот во групната фаза од Лигата на шампионите. Мечот го одбележаа Килиан Мбапе и Лионел Меси. Играчите на домашниот тим постигнаа по два гола и беа најзаслужни за славјето на „Паркот на принцевите“.
- Извештај од натпреварот:
Фаворитот тргна фуриозно и по седум минути имаше 2-0. Мбапе искористи една одбиена топка по првата опасна акција, а потоа избегна офсајд и ја зголеми предноста на „светците“.
Потоа на сцена стапи Меси, кој го докрајчи ривалот со уште два гола. Пред паузата на мајсторски начин од далечина третпат ја затресе гостинската мрежа, а при крајот од пенал го постави конечниот резултат. Претходно, белгискиот клуб постигна гол за утеха преку Ритс. Со двата гола Лионел Меси на вечната листа на стрелци го мина бразилскиот легенден ас Пеле. Аргентинецот сега има 758 гола, пред Пеле со 757. Пред него сега се Ромарио со 772 и Кристијано Роналдо со 801 гол.
Манчестер Сити и покрај поразот како првопласиран патува во нокаут фазата, каде друштво ќе му прави ПСЖ. Европската авантура во Лига Европа ја продолжува РБ Лајпциг.