• Иван Димовски


Исход што малкумина можеа да го предвидат. Мора да се признае, не беше тешко да се замисли дека Аргентина ќе биде лидер во групата Ц во друштво на Полска, Мексико и Саудиска Арабија, но дека Австралија ќе заврши пред Данска, па дури и пред Тунис, и да оди рака под рака со Франција до нокаут фазата... Сепак, во осминафиналето ќе се сретнат Аргентина и Австралија.
Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Аргентина и Австралија
Откако го отворија Светското првенство со пораз, прашање беше дали „гаучосите“ воопшто ќе ја поминат групата, но, сепак, не попуштија под притисокот и како одминуваше турнирот играа сѐ подобро и подобро, против Полска дури изгледаа како кандидати да ја освојат „Божицата“. А што е поважно за Лионел Скалони од сѐ друго, Лионел Меси е доста добро расположен. На првите два меча постигна гол, а на третиот иако промаши пенал, остави одличен впечаток со целата игра. Против Австралија ќе има поголема мотивација, бидејќи доколку постигне гол би ги надминал Диего Армандо Марадона и Гиљермо Стабило по бројот на голови на Светското првенство во репрезентативниот дрес (сите имаат осум) и би се доближил до Габриел Батистута (10).
Квоти за останатите осминафинални натпревари на СП во Катар
Секоја чест за „сокерос“ и за нивниот подвиг во групната фаза, но нивната авантура на Светското првенство речиси сигурно завршува тука, исто како во 2006 година кога за прв и последен пат стигнаа до најдобрите 16 во светот. Тогаш беа елиминирани во осминафиналето од Италија, која подоцна отиде до крај и се искачи на врвот на светот. Ќе успее ли Меси да го стори истото и да го одигра својот последен танц на Светското првенство до крај? Веќе е неблагодарно да се прогнозира, бидејќи Шпанија или Бразил би можеле да го чекаат на патот до финалето. Сепак, тој рутински ќе мора да ја прескокне првата пречка.