Меси: Господ го чуваше овој момент за мене!

Легендарното „Мараканасо“ доби второ издание 71 година подоцна од финалето на Светското првенство во 1950 година и победата на Уругвај на најпознатиот бразилски стадион во дуелот за светска титула. Аргентина ги совлада „кариоките“ со 0-1 во финалето на Копа Америка, а Меси конечно освои нешто со сениорската репрезентација на својата земја.

Капитенот на „гаучосите“ беше емотивен во изјавите по подигнувањето на големиот пехар на КОНМЕБОЛ.

„Морав да се ослободам од овој товар што не можев да го освојам трофеј со репрезентацијата. Бев блиску со години и знаев дека работите понекогаш мора да тргнат на подобро. Благодарен сум му на Бога што ми го подари овој момент, против Бразил и во Бразил. Бог го чуваше овој момент за мене..

Среќата што ја чувствувам е луда, необјаснива ... Многупати морав да заминам со наведната глава, но знаев дека ова еден ден ќе се случи. Овој тим го заслужи трофејот. Верував во тим кој стана многу силен уште од последната Копа Америка, каде се навести дека следуваат големи работи. Ова е група на одлични луѓе кои секогаш се стремат кон напред, кои никогаш не се жалат за ништо. Бевме ставени во карантин со денови, неможејќи да ги видиме своите семејства, но целите беа јасни и успеавме да ги оствариме“, рече Меси.

  • Реакцијата на Меси по последниот судиски свиреж: 

Овој трофеј е 38 во кариеата на аргетинскиот гениј, кому му недостига само уште светската титула во сениорска конкуренција. Следната, веројатно и последна шанса ќе ја има следната есен на Мундијалот во Катар.  

Состави

Лионел Скалони

4-3-3

    Тите

    4-3-3