• Иван Димовски
Фудбалерите на Аргентина први дојдоа до погодок во „Финалисима“ против Италија на „Вембли“. Избраниците на Лионел Скалони ја искористија својата шанса и преку Лаутаро Мартинез поведоа по 28. минути игра.
Клучна улога во погодокот на „гаучосите“ имаше Лионел Меси. Ѕвездата на Аргентина прими топка на околу 25 метри, во свој стил го изврте Џовани Ди Лоренцо и се проби во шеснаесетникот. Оттаму Меси упати ниска топка на петерецот и му „сервира“ гол на Лаутаро Мартинез.
- Погодокот на Лаутаро против Италија:
Италија имаше неколку полушанси, но голот на Емилијано Мартинез не беше сериозно загрозен во првиот дел од средбата во Лондон. Напротив, до полувремето Аргентинците стигнаа и до втор погодок преку Анхел Ди Марија.