Меси ги одбра фаворитите за „Златната топка“, на листата нема место за Белингем

Лионел Меси ги одбра своите фаворити за освојување на „Златната топка“, а интересно е што на оваа листа немаше место за ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем. 

Англискиот репрезентативец се смета за еден од најдобрите играчи на светот, но Меси реши дека во неговиот избор има место само за соиграчот на Англичанецот, Винициус Жуниор. Во најтесниот избор на Аргентинецот се најдоа уште Ерлинг Халанд и Килиан Мбапе, а воедно Аргентинецот смета дека Ламин Јамал од Барселона мора да ја добие наградата за најдобар млад светски фудбалер. 

„Има многу млади фудбалери чие време допрва доаѓа. Светот нека се подготви за доминација на Мбапе, Халанд и Винициус, а кон нив наскоро ќе се придружи и младиот Ламин Јамал од Барселона“, кратко изјави Меси за американските медиуми. 

Осумкратниот освојувач на најпрестижната индивидуална награда настапува за Интер Мајами и сезонава забележа учинок од пет гола и шест асистенции.