Меси: Фудбалот, како и животот, никогаш нема да бидат исти...

Меси изјава

Додека се подготвува за кам-бек на фудбалските терени, Лионел Меси одвои време да ја анализира иднината на фудбалот, но и на животот на луѓето, по пандемијата со коронавирусот.

Влијанието на начинот на кој што се одвиваат работите во последните неколку месеци ќе биде големо врз фудбалската игра, но и врз животите на сите луѓе, смета фудбалерот на Барселона.

„Повеќето од нас остануваат со сомнеж за тоа како ќе биде светот по сè што се случи. Надвор од карантинот и ситуацијата што нè изненади, многу луѓе имаа навистина лошо време затоа што оваа ситуација влијаеше врз нив на некој начин, како што се случи со сите оние кои загубија членови од семејството и пријателите, а не ни можеа да се збогуваат со нив.

Мислам дека имаше многу негативни работи за време на пандемијата, но ништо не е полошо од смртта на некој што го сакаш, тоа ме прави да бидам фрустриран. Фудбалот, како и животот на сите нас, никогаш нема да биде ист“, беа зборовите на Аргентинецот.

Шпанските прволигаши се враќаат на терените на 11 јуни, а Барса ќе има задача да ја продолжи доминацијата во домашното првенство. Во досегашниот дел од првенството, тимот на Кике Сетиен стои на лидерската позиција со два бода предност пред Реал Мадрид.