Меси: „Ел Класико“ мечот имаше посебно значење кога играше Роналдо...

Меси Роналдо

Лионел Меси признава дека ривалството со Кристијано Роналдо во неговата кариера има посебно значење. 

Нивните дуели во „Ел Класико“ натпреварите беа спектакл за целиот свет, што се чини му недостига на Аргентинецот од редовите на Барселона.

„Додека Кристијано беше во Реал, натпреварите секогаш беа посебни. Општо, натпреварите со нив значат многу, но кога тој играше таму беше значително посебни. Тоа се посебни дуели што ќе бидат засекогаш запаметени.

Не е лесно да останете на тоа ниво толку долго и да се натпреварувате со ривал како него. Барса и Реал се две од најдобрите екипи во светот, секогаш очекувањата се најголеми. Верувам дека им пружавме уживање на фановите ширум светот“, вели аргентинскиот ас.

Нивните дуели се пренесоа и на церемониите на кои се доделуваа индивидуални награди за одиграното.

Меси има мала предност кога се во прашање „Златните топки“ и „Златните копачки“, но 34-годишникот од Мадеира, кој се пресели во Јувентус, вети дека нема да се откаже и дека ќе ги повтори успесите од деновите поминати во Мадрид.