Меси е желен за репрезентативен успех, патот на Копа Америка стартува со Чиле

ЕВРО 2020 не е единствениот голем турнир кој се игра овој јуни. Десет јужноамерикански репрезентации ќе се борат во Бразил во склоп на 47-то издание на Копа Америка за пехарот наменет за најдобриот на континентот. Аргентина уште еднаш ќе ја лови главната награда. Веќе долго ѝ недостасува тој континентален успех, а оваа година би можела да биде одлична прилика да ја прекине таа суша. Првенството на Јужна Америка е голема шанса за „гаучосите“ конечно по 28 години чекање да дојдат до пехар.

Сите квоти за натпреварот меѓу Аргентина и Чиле

Откако Лионел Скалони го презеде кормилото на националниот тим, мораше да се позанимава со смена на генерации и се чини дека доста добро го среди тоа. Со веќе стекнатото искуство, неговиот тим изгледа спремно да се бори за трофејот во Бразил. Аргентина е сместена во групата А со Чиле, Уругвај, Парагвај и Боливија. Ќе испадне само последната селекција, така што не би требало да има проблем да обезбеди место во следната рунда.

И покрај тоа што не е домаќин како што претходно беше планирано, Аргентина е меѓу фаворитите, а Лионел Меси е желен за успех со националниот тим. Со Барселона освои десет титули првак на Шпанија и четири во Лигата на шампионите, но уште треба да подигне голем трофеј со својата држава. Времето му тече, а и нема да има многу прилики по оваа. Помош би требало да има во Лаутаро Мартинез, кој би можел да биде ѕвезда на натпреварувањето. Зад Лаутаро е уште една импресивна сезона во Интер со 18 гола во сите натпреварувања и се наметна како редовен стартер, покрај Меси, во таборот на „гаучосите“. Неговиот соиграч од Интер, Артуро Видал, тргнува во своето четврто континентално натпреварување со Чиле и е во добра форма, затоа што даде четири гола во првите пет натпревари на Чилеанците во квалификациите за Мундијалот.

Квоти за останатите натпреваро во Копа Америка

Иако се очекуваше возбудливиот дуел меѓу Аргентина и Чиле да го отвори Копа Америка, преселбата на турнирот во Бразил ги промени плановите. Меѓутоа „гаучосите“ и „ла роха“ ќе го одиграат премиерниот дуел од групата А во Рио де Жанеиро, во натпревар кој не смеете да го пропуштите. Двата ривали ги одмерија силите на почетокот на месецот во рамки на квалификациите за Светското првенство и одиграа нерешено – 1-1.