Меси е проблемот на Реал, ѕвездата на Барса лично ќе „работи“ на трансферот на Нејмар

Меси Нејмар

Шпанска „Марка“ пишува дека Лионел Меси ќе биде клучниот фактор на Барселона во трката за потписот на Нејмар.

Аргентинецот не сака својот пријател да го види во дресот на Реал Мадрид, па реши лично да преземе некои работи и да се обиде да го убеди бразилскиот ас. Тој направил телефонски повик и го повикал поранешниот соиграч да се врати на „Камп Ноу“, наместо да го засили вечниот ривал.

Нивната врска е на високо ниво, а тоа можеше да се забележи за време на престојот на Бразилецот во Шпанија. Меѓу себе имаат почит и секако одлично се разбираат на теренот.

Сите знаат дека Меси има големо влијание врз одлуките на каталонскиот тим. Минатата сезона побара Ернесто Валверде да продолжи и покрај негодувањата на фановите, а сега негова желба е кам-бек на напаѓачот на ПСЖ.

Најголем проблем за трансферот ќе биде лошиот однос меѓу францускиот првак и Барса. Управата на парижани повеќе би сакала да биде во преговори со Мадрид, отколку со челниците на Каталонците.

„Кралевите“ за да имаат шанса да ја остварат желбата на Флорентино Перез ќе мора да се ослободат од неколку фудбалери. Меѓу нив се Џејмс Родригез, Герет Бејл и Мариано.