Меси е лош губитник: Суарез го спречи да не се пресмета со судиите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер Мајами загубија на гостувањето кај Лос Анџелес (3-0) на стартот на МЛС лигата. Шампионот тргна во новата сезона со висок пораз, а по натпреварот Лионел Меси беше видно лут. 

Аргентинската супер-ѕвезда сакаше да ги расчисти сметките со судиската тројка. Така, кога арбитрите влегоа кон соблекувалната Меси тргна по нив. Никој не успеа да го премисли, а тогаш на сцена стапи Луис Суарез кој го задржа својот долгогодишен соиграч и добар пријател. 

Натпреварот во Калифорнија го решија Мартинез, Буанга и Ордаз. Победата на Лос Анџелес беше убедлива, па нејасно е што му згрешиле судиите на Меси.

Во второто коло на првенството Интер Мајами му гостува на Орландо Сити.