Меси е „кралот“ на Шпанија – најдобар е скоро во сите категории

Екипата на Барселона ја освои титулата во шпанскиот фудбалски шампионат, а разликата на теренот ја направи Лионел Меси, еден од најдобрите во историјата на фудбалот кој доминира кога се бројките во прашање.

Аргентинската ѕвезда е „кралот“ на Ла Лига, затоа што бележи доминација во сите категории. Меси без Роналдо во првенството едноставно е најдобар и доминантен, а во продолжение погледнете ги осумте категории во кои доминира.

  • ДОМИНАЦИЈАТА НА МЕСИ ВО ШПАНСКИОТ ФУДБАЛ
     
  • Најмногу погодоци во сезоната - 13
  • Најмногу асистенции во сезоната - 16
  • Најмногу креирани шанси во сезоната - 92
  • Најмногу клучни додавања во сезоната - 1139
  • Најмногу дриблинзи во сезоната - 
  • Најмногу шутеви во сезоната - 171
  • Најмногу шутеви во рамки на гол - 87
  • Најмогу голови од слободен во сезоната - 6
  • Најмногу погодоци надвор од шеснаесетиникот во сезоната - 9
  • Најмногу мечеви со по два гола - 7
  • Најмногу хет-трикови - 3
  • Најмногу прекршоци врз себе - 29
  • Најмногу погодени пречки - 10

За Меси, кој има 31 година, титулата во Ла Лига беше јубилејна, десетта во кариерата во редовите на Барселона.