ВИДЕО: Меси е како десет аргентински генијалци во еден - филмско видео за кам-бекот на феноменот!

Вечерва е голем ден за аргентинскиот фудбал - Лео Меси се враќа во репрезентацијата. По тој повод федерацијата изготви видео во кое симболично најавува дека во земјата на генијалците пак ќе го облече дресот со државниот грб фудбалерот кој вреди колку десет аргентински генијалци.

Нараторот вели дека Меси има нешто од Фанџо, Сабатини, Џинобили и другите аргентински генијални спортисти. Исто така се потенцира дека тој е единствениот кој ја продолжува илузијата на 50 милиони Аргентинци.

  • Погледнете го промотивното видео од враќањето на Меси во репрезентацијата: 

Натпреварот Аргентина - Венецуела се игра вечерва во Мадрид од 21:00 часот.