• Горан Упале
Екипата на Интер Мајами извојува уште една убедлива победа во новата сезона во МЛС лигата, откако на гости го совлада Њу Ингланд со 1-4, во рамките на 11. коло и ја задржаа лидерската позиција во Источната конференција.
Ова беше шести триумф на Интер Мајами сезонава, а одново најзаслужен беше Лионел Меси - двоен стрелец и асистент на стадионот „Жилет“ во Фоксборо, Масачусетс.
Аргентинецот на тој начин се проби до првото место на листата на стрелци со девет гола, а воедно е и прв асистент во лигата со осум продуктивни додавања до соиграчите. Се чини дека светскиот шампион ги достигнува овие бројки со голема леснотија.
Гол за гостите постигна и Луис Суарез, а меѓу стрелците се запиша и Американецот Бенјамин Кремаски.



