Меси добива заслужен одмор за викендот на мечот против Хуеска

Меси Хуеска

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, беше асистент во минималната победа на гостински терен против Манчестер Јунајтед во рамки од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Аргентинецот одново беше играчот кој направи најмногу проблеми на противничката одбрана која се обиде на „валкан“ начин да го оневозможи во неговите обиди. Еден груб старт на Крис Смолинг на ѕвездата на Каталонците му донесе крваво око и лице.

>>> ВИДЕО: Меси „јаде ќотек“ на „Олд Трафорд“ - Смолинг со лакт му го раскрвари носот! 

Поради оваа повреда, а и густиот распоред во завршницата од сезоната, најверојатно Меси нема да биде дел од тимот на Ернесто Валверде за мечот против Хуеска овој викенд.

Барса ќе гостува кај една од најслабите екипи во Примера и со евентуална победа ќе направи голем чекор кон одбрана на титулата.

Моментално, шампионот има 11 бода предност во однос на Атлетико Мадрид кој во минатото коло беше поразен на „Камп Ноу“.