• Иван Димовски
Лионел Меси и Жорди Алба не настапија на Ол-стар натпреварот во МЛС лигата, а поради тоа си ја добија заслужената казна. Имено, според правилата на лигата доколку еден играч кој е поканет да игра на овој ревијален дуел не се појави, притоа не поднесувајќи валидна причина - му следува казна.
Таков е случајот со Меси и Алба на кои им беше потребен одмор. Сепак, иако само се почитуваат правилата, Аргентинецот се налутил. Тоа го откри сопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас, кој кажа:
„Меси е бесен и навистина многу е лут, а тоа е очекувано. Се надевам дека овој потег нема да има долгорочни последици. Дека ќе има краткорочно влијание и сега тие подобро ќе ги запознаат правилата на лигата, во тоа не се сомневам“.
Лео Меси и Жорди Алба ќе скокнат важен натпревар во МЛС лигата во кој Интер Мајами требаше да се бори за да ја смали разликата со лидерот Синсинати.






