Меси атакува на апсолутниот рекорд на Матеус

Меси

Аргентина вечерва ќе се сретне со Полска и се надева дека ќе обезбеди пласман во следната фаза на Мундијалот.

По киксот со Саудиска Арабија, „гаучосите“ победија против Мексико и се вратија во игра за осминафиналната фаза. Сега следува директен судир меѓу Лионел Меси и Роберт Левандовски.

Аргентинскиот ас во второто коло се израмни со Диего Марадона по бројот на постигнати голови на СП (8). Вечерва ќе го надмине својот идол, а ќе продолжи да чекори кон апсолутниот рекорд на Лотар Матеус, по бројот на одиграни натпревари на светските собири (25). Моментално Меси има 21 одигран меч на Мундијалите.

Натпреварот меѓу Аргентина и Полска се игра во терминот од 20:00 часот.