• Горан Упале
Лео Меси му донесе вреден бод на Интер Мајами на гостувањето кај Лос Анџелес Галакси, откако постигна гол за 1-1 длабоко во судиското продолжение.
- Извештај од натпреварот:
На МЛС дербито меѓу Лос Анџелес Галакси и Интер Мајами беа постигнати два гола, и тоа двата во второто полувреме. Домашните водеа, а гостите се спасија во финишот.
Во првото полувреме мрежите мируваа, додека по половина час игра во продолжението Дејан Јовељиќ погоди за домашна радост и водство на Галакси од 1-0. Овој резултат беше активен до втората минута од судиското надополнување кога Алба и Меси одиграа „тики-така“ акција и аргентинскиот ас погоди за конечни 1-1 и бод за Интер Мајами.
- Голот на Меси за 1-1:
Ова беше прв гол за Меси сезонава и може да се каже дека со оваа акција тој и Алба ја поставија сцената за најубавите денови кога настапуваа за Барселона.
Повеќекратниот освојувач на „Златната топка“ се соочи со одредени критики во последните неколку недели, но се чини дека Меси почна да ја подига својата форма како што започнува новата сезона во МЛС лигата.