Месец на дерби средби во Холандија, Ајакс по ПСВ на мегдан со Феенорд

Јануари од соништата за љубителите на Ередивизие. По скоро тринеделна пауза шампионатот на Холандија се врати Де Топер на фудбалската сцена. Ајакс и ПСВ одиграа нерешено, а до крајот на месецот на распоредот се уште две големи соочувања во земјата на лалињата, кломпите и ветерниците. Веќе овој викенд ќе го гледаме Де Класикер, судирот на „копјаниците“ и Феенорд на „Јохан Кројф Арена“, а на последниот ден од јануари и преостанатиот дуел на два тима од големата тројка на холандскиот фудбал, Феенорд и ПСВ.

Сите квоти во MOZZART од дуелот Ајакс- Феенорд

Гужвата е голема на врвот на Ередивизие оваа сезона. Дури четири тима се наоѓаат во неколку бодови разлика и секоја грешка скапо се плаќа. Тоа го почувствува Ајакс на своја кожа со две реми средби неодамна со кои неговата предност на врвот се стопи. И тоа баш во моментот кога пулените на Ерик тен Хаг ги очекува важен мини-циклус на дерби средби.

„Амстердамерсите“ до крајот на месецот играат со останатите кандидати за највисок пласман, најпрво со Феенорд, потоа со АЗ Алкмар и со Твенте. Двобојот со големиот ривал од Ротердам ќе биде, како и секогаш, во центарот на вниманието. Саботниот дуел на двата стари ривали ќе биде 162. првенствен Де Класикер меѓу Ајакс и Феенорд, со додаток дека домашниот тим е далеку поуспешен со 72 победи, наспроти оние 45 на гордоста на Југот. Ајакс убедливо е најефикасниот тим во првенството со просек од повеќе од три и пол постигнати погодоци на натпревар, но со тоа не се задоволи. Пред една недела „ја скрши касата“ и го доведе Себастијан Але од Вест Хем. Некогашниот шпиц на Утрехт, Ајнтрахт и Вест Хем е платен рекордни 22.500.000 евра и се очекува да биде во стартниот состав против Феенорд. Во меѓувреме составот на Дик Адвокат е во налет и е способен да ја замрси и така комплицираната ситуација на врвот.

На двете страни од теренот ќе видиме српски репрезентативци бидејќи Душан Тадиќ ќе „удри“ на Урош Спајиќ. Останува да видиме само дали ќе продолжи традицијата која кажува дека на шесте изминати меѓусебни дуели на Ајакс и Феенорд секогаш некој победувал, најчесто „копјаниците“ во пет наврати, и тоа со најмалку два гола разлика.