ВИДЕО: Мертенс со прекрасен волеј го сруши отпорот на Панама

Тоа што не успеаја во првите 45 минути, белгиските фудбалери го направија на стартот на вториот дел и конечно го скршија отпорот на дебитантот Панама.

Се играше 47. минута, одбранбениот фудбалер на Панама не успеа да ја исфрли една топка надвор од шеснаесетникот, таа стигна до Дрис Мертенс, кој со прекрасен удар го матира Пенеда и донесе предност за својот тим.

За 31-годишниот напаѓач на Наполи денешниот гол е негов 15-ти во 70. настап за репрезентацијата на Белгија.

СП, Група Г
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БелгијаБелгија 1 3 3 0 0 9:2 7 9
2 АнглијаАнглија 1 3 2 0 1 8:3 5 6
3 ТунисТунис 3 1 0 2 5:8 -3 3
4 ПанамаПанама 3 0 0 3 2:11 -9 0