Мерко прозиваше, женската У19 репрезентација на квалификациски турнир во Хрватска

Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 1 до 7 април ќе учествува на квалификацискиот турнир од Б лигата (втора рунда) за пласман во елитните квалификации за Европското првенство. 

Домаќин на турнирот ќе биде Хрватска, а во групата Б5, покрај домашната селекција, ќе бидат уште Македонија, Ерменија и Литванија. Првото коло е на програмата на први април, кога нашите девојки ќе се соочат со селекцијата на Литванија. 

На четврти април се соочуваме со Ерменија, а три дена подоцна ќе ги одмериме силите со Хрватска. Првите два меча ќе се одиграат во Лучко, во ист термин од 16:30 часот, додека третиот меч против Хрватките ќе се одигра во Карловац, со почеток во 12:30 часот. 

Селекторот на оваа возрасна категорија, Астрит Мерко, за претстојниот квалификациски циклус ги повика следните фудбалерки: 

ГОЛМАНИ: Ведрана Комненова, Дијана Алуши 

ОДБРАНА: Катерина Петкова, Михаела Додевска, Слаѓана Ѓоргиева, Ива Јовановска, Стефанија Веселинова, Васка Василева, Ана Боризоска

СРЕДЕН РЕД: Ева Конева, Ива Јосифова, Јехона Велиу, Сара Дика, Едина Мехмети, Кристина Крстева

НАПАД: Сара Димитриоски, Емили Митковска, Анастасија Илиевска, Мелиса Димитриоски и Елена Симјонова. 

Собирот на женската репрезентација на Македонија до 19 години започнува на 28. март, во хотел Парк, со почеток во 12:00 часот.