• Горан Упале

Актуелниот светски вицешампион Франција, ја забележаа втората победа во вториот настап во квалификациската група Б за Европското првенство следната година. По домашните 4-0 против Холандија, овојпат Франција славеше во Даблин против Ирска со минимални 0-1.
Незгодните Ирци даваа отпор до 50. минута. Дотогаш ги неутрализираа Килијан Мбапе, Антоан Гризман, Оливие Жиру и други француски ѕвезди, но потоа беа изненадени од Бенжамин Павард, кој погоди за гостински водство. Потоа искусните Французи целосно ја смирија играта, но во самата завршница можеа да останат без два бода. Сепак, новата „единица“ на „триколорите“, Мајк Мењон со пантерска одбрана го сопре ударот на Нејтан Колинс во 90. минута и не дозволи домашно славје во Даблин.
- Атрактивната одбрана на францускиот голман:
Франција со шест бода е на врвото на табелата во групата Б, втора е Грција со три бода, но и натпревар помалку. Холандија со триумфот со Гибралтар се искачи на третото место.