• Мартин Танасковски

Екипата на Борусија Менхенгладбах дојде до сигурна победа над Арминија Билефелд (5-0) во рамки на 31. коло на Бундеслигата и останува во игра за едно од европските места, поточно она за Конференциската лига на УЕФА.
- Извештај од натпреварoт:
„Ждребињата“ на домашен терен беа феноменални и тотално го надиграа противникот кој се бори за спас. Иако повеќето љубители на фудбалот очекуваа понеизвесен натпревар, сепак, домашниот тим ја наполни мрежата на противникот до врв и застана веднаш зад Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд.
Двоен стрелец на натпреварот беше Брел Емболо, а по еднаш реализираа Маркус Турам, Рами Бенсебаини и Алсане Плеа. Три гола во мрежата на Арминија пристигнаа во првиот, а два во вториот дел.
Победата за Борусија Менхенгладбах ќе дојде добро за самодоверба, пред гостувањето кај Баерн Минхен. Арминија игра директен дуел за опстанок со Херта.