ВИДЕО: Менхенгладбах го доби дербито со Дортмунд и со победа заминува на зимска пауза

Екипите на Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд први ги завршија своите настапи за оваа година. Во првиот натпревар од последното коло пред паузата за Светското првенство во Катар, поуспешен беше тимот од „Борусија Парк“, кој пред својата публика славеше со сигурни 4-2 (3-2).

  • Извештај од натпреварот: 

Големите ривали одиграа крајно возбудлив натпревар, особено во првиот дел, во кој беа постигнати дури шест гола. Голеадата ја отвори Хофман по само четири минути игра, а Брандт по асистенција на Белингам израмни на 1-1.

Домашниот тим подобрата игра ја круниса со уште два гола. Рами Бенсебаини и Маркус Турам стрелаа за сигурна предност на Борусија Менхенгладбах, но гостите не се предадоа и со погодокот на Нико Шллотербек на полувреме заминаа со минимална негатива (3-2).

Само што започна вториот дел домашниот тим одново стигна до комотна предност, откако Коне погоди за 4-2, а во 69. минута Хофман повторно го совлада Кобел, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд. Сепак, Борусија Менхенгладбах го сочува водството од два гола и заслужено впиша значајни три бода на своето конто.

По овој дуел двете Борусии ќе заминат на одмор од два месеци, бидејќи на терените ќе им се вратат на крајот на јануари следната година. Борусија Менхенгладбах ќе се судри со Баер Леверкузен, додека Борусија Дортмунд за противник го има Аугсбург.

Состави