• Иван Димовски

Олимпијакос го испиша најголемиот клупски успех на европската сцена за Грција. „Црвено-белите“ во Атина ја совладаа Фиорентина и го освоија трофејот во Конференциската лига на УЕФА, предизвикувајќи лудо славје по улиците на градот. По победата, филозофско размислување имаше тренерот Хозе Луис Мендилибар.
„Сè се случи така брзо. Се надевам дека и во иднина ќе се радувам на вакви успеси тука. Сакаме да покажеме дека ова не е само привремен блесок или добра ноќ. Се надевам дека ќе имаме шанса за продолжиме да правиме добри работи заедно.
Овој успех не е важен само за Олимпијакос, туку за грчкиот фудбал во глобала. Ќе биде многу добро за сите во оваа земја, повеќе да веруваат. Сите во грчкиот фудбал пора да се посамоуверени“, изјави Мендилибар.
Со овој успех Олимпијакос го надмина успехот на Панатинаикос од пред повеќе од 50 години кога загубија финале во Купот на шампионите против Ајакс.