Менди за тренерот на Алиоски: Биелса е „луд“, ги бркаше помошниците од натпреварите

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенжамин Менди изјави дека актуелниот тренер на Лидс Јунајтед и нашиот Езџан Алиоски, Марсело Биелса е голем перфекционист, а како пример кажа еден детаљ од времето додека заедно соработуваа во тимот на Олимпик Марсеј.

„Правеше навистина луди работи во тимот на Олимпик Марсеј. Пример, ако неговите соработници ставеа чун на 11 метри, а не на 10 метри како што посакуваше тој, тогаш веднаш добиваа забрана да бидат на клупата на следниот натпревар. Едноставно целиот стручен штаб мораше да работи како што сака тој, само за да биде дел од екипата во текот на викендите. Поради неговите „луди“ идеи, имаше натпревари каде игравме само со еден доктор, без асистенти, а Биелса вооптшто не знаеше француски. Со него беше навистина тешко да се работи“, изјави Менди.

Биелса е познат под прекарот „Ел Локо“, што значи луд. Неколку месеци беше на чело на тимот на Лил, а поради недоразбирање со управата од тимот на Лацио, си замина само два дена по потпишувањето на официјалниот договор. Моментално, неговиот Лидс се наоѓа на првото место на табелата во Чемпионшип и е на вистински пат повторно да се врати во Премиер лигата.