Менаџерот Еди Хоув и Борнмут по пет успешни години се разделија

По пет сезони, Борнмут испадна од Премиер лигата, а цената на неуспехот ја плати менаџерот Еди Хоув. Тој си поднесе оставка и нема да го боди тимот од Чемпионпшип.

„Црешите“ го совладаа Евертон во последното коло со 2-3, но сплетот на останатите резултати ги одведе во ранг подолу.  

„По неколку денови и по продолжени преговори со клубот, можам да потврдам дека донесовме взаемен дгоговор да се разделиме. Мислиме дека тоа е најдобро за интересите на Борнмут. Минав вкупно 25 години во овој клуб како играч и како тренер. И покрај големата љубов и страст која секогаш ќе остане кон клубот, време за разделба и одење на клубот во нова дирекција“, рече Еди Хоув.

Овој млад менаџер има понуди од сите страни и веројатно нема да му биде тешко да ја избере вистинската опција за продоллжување на кариерата. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.