• Горан Упале
Холандскиот фудбалски ас Мемфис Депај кариерата ќе ја продолжи во Бразил, во таборот на Коринтијанс. Некогашниот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед, Лион, Барселона и Атлетико Мадрид потпиша договор до декември 2026 година и му се приклучи на бразилскиот клуб како слободен играч по заминувањето од Атлетико Мадрид.
Минатата сезона одигра 31 натпревар и постигна девет гола за Атлетико. Депај летово играше за Холандија на Европското првенство, но селекторот Роналд Куман не го повика во тимот за натпреварите од Лигата на нации овој месец.
Депај ја започна својата кариера во 2011 година во ПСВ Ајндховен, а играше за Манчестер Јунајтед, Лион, Барселона и Атлетико Мадрид. За Холандија дебитираше во 2013 година, одигра 98 натпревари и постигна 46 голови.