• Горан Упале

Екипата на Брегалница претстави уште едно ново име во својот ростер, во пресрет на стартот на вториот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига.
Во Штип се пресели Никола Талески, 20-годишен напаѓач кој претходно настапуваше во тимот на Слога Виница.
„Никола Талески епоследното засилување во овој преоден рок! Со Никола Талески го заокружуваме ростерот за претстојната полусезона во која ќе се бориме за највисок пласман. Талески е 20-годишен корпулентен напаѓач, кој со доаѓањето во нашите редови ќе ја засили конкуренцијата во нападот. Доаѓа од Слога Виница, а претходно настапуваше во Брера, Победа и Беласица. На двајцата новодојдени фудбалери им посакуваме добредојде и многу успеси со клубот“, велат од редовите на Брегалница.
Претходно, Брегалница го договори и Аљбан Мемеди. Станува збор за напаѓач кој во својата кариера настапуваше за тетовска Шкендија, Детонит, Воска, Башкими, косовска Лирија, а во редовите на Брегалница доаѓа од Кожуф.







