Мело: Идиотите пишуваат дека јас сум насилникот - НЕ, Грилиш покажа големо непочитување!

Манчестер Сити ја освои светската клупска титула со убедливата победа над Флуминенсе (4-0), но сенка на петтиот трофеј на „граѓаните“ во 2023 година фрли вербалниот, па дури и физички конфликт меѓу Џек Грилиш и Кајл Вокер против Фелипе Мело.

Поранешниот репрезентативец на Бразил беше опишан како поттикнувач на физичкиот дуел со двајца играчи на Сити, но 40-годишниот играч од средниот ред негираше дека тој е виновен за инцидентот.

„Видов идиоти на социјалните мрежи кои тврдат дека јас ја започнав борбата. Да бидам јасен, Грилиш не ја почитуваше институцијата Флуминенсе, а јас никогаш нема да дозволам тоа да се случи. Извикуваше „ОЛЕ" по завршувањето на натпреварот. Затоа се случи тоа што се случи.

И не се каам за тоа што го направив, затоа што сум воин. Таков сум цел живот, но секогаш сум го почитувал ривалот. И кога ја победивме Ривер Плата со 5-1 и кога го освоивме Копа Либертадорес против Бока Јуниорс. Секогаш сум го почитувал ривалот и така ќе биде додека играм“, изјави Мело во микс зоната по натпреварот.

Фелипе Мело професионалната кариера ја започна во 2001 година, играше за Фламенго, Крузеиро, Гремио, Мајорка, Расинг, Алмерија, Фиорентина, Јувентус, Галатасарај, Интер, Палмеирас, а сега и Флуминенсе.