Мелдин Јусуфи од БиХ пристигна во Работнички

Македонскиот прволигаш Работнички донесе ново име во своите редови и потпиша договор со крилниот офанзивец од Босна и Херцеговина, Мелдин Јусуфи.

20-годишниот Јусуфи, кој има државјанство на БиХ, и игра на левокрилната офанзивна позиција доаѓа од редовите на Олимпик Сараево. Од Работнички бараа уште едно ново име за да го засилат нападот, а изборот падна на младиот играч.

Јусуфи фудбалски потекнува од школата на Железничар, а претходно во својата кариера има настапи и за првиот тим на Железничар.