ВИДЕО: Мексико во финишот ја „скрши“ Панама и го освои Голд Купот!

Фудбалската селекција на Мексико е новиот освојувач на Голд Купот. По пауза од четири години Мексиканците одново се искачија на врвот на континенталниот шампионат, откако во големото финале, одиграно во Лос Анџелес, со минимални 1-0 (0-0) ја совладаа селекцијата на Панама.

Мексико важеше за голем фаворит во ова соочување, тоа и го покажа на терен, но до посакуваната победа стигна со само еден постигнат гол. Творец на големиот успех беше младиот ас на Феенорд, Сантијаго Томас Гонзалез кој мрежата на Панама ја затресе дури во 88. минута. Фаворитот и во првото полувреме го проби противничкиот бедем, но голот на Мартин беше поништен поради офсајд.

Мексико со овој триумф само го потврди фактот на најуспешна селекција во Голд Купот. Со девет трофеи е осамен на врвот, додека на втора најтрофејна нација е Соединетите Американски Држави со седум. Трофеј има освоено само уште Канада, во 2000 година.