ВИДЕО: Мексико среде Хјустон ги победи САД за „десетка“ на Голд купот!

Фудбалската репрезентација на Мексико по десетти пат го крена трофејот на Голд купот, откако во финалето во Хјустон ги победи домаќините САД со пресврт (1-2). Средбата на „НРГ Стадион“ понуди три погодоци и мексиканско славје на крајот. 

  • Извештај од натпреварот:

Домашната селекција го отвори резултатот и поведе со голот на Крис Ричардс во четвртата минута. По примениот гол Мексиканците успеаја да се наметнаа и почнаа да притискаат, а тоа им се исплати во 27. минута бидејќи Раул Хименез стрела за израмнување (1-1). До полувремето имаше шанси на двете страни, меѓутоа мрежите мируваа. 

Во продолжението двете селекции беа претпазливи, а Мексико беше поконкретен ривал на теренот. Таквиот пристап не понуди премногу возбудувања, но пред крајот гостите успеаја да си ја исполнат целта. Едсон Алварез беше човекот кој го матира голманот Фрис по асистенција од Васкес. Судијата Марио Ескобар чекаше потврда од ВАР собата, а откако ја доби започна мексиканското славје на теренот и трибините. 

Мексиканците се најтрофејна селекција во ова натпреварување бидејќи имаат десет златни одличја. САД има седум, а трофејот во Голд купот го кренала уште Канада во 2000. година.

ФОТО/PHOTO: Concacaf