• Зоран Мишевски
Легендата на мексиканската репрезентација, Рафаел Маркез ја заврши својата фудбалска кариера во 39. година од животот. Елегантниот дефанзивец од Мексико кариерата ја заврши во дресот на Атлас во ремито без голови со Пачука, 0-0,.
Гледачите на стадионот „Идалго” со аплаузи го поздравија легендарниот Маркез, кој повеќе од 20 години го носеше дресот на репрезетацијата на Мексико. Тој одигра 143 натпревари ни постигна 19 гола и над 500 натпревари за Монако, Барселона, Њујорк Ред Бул, Леон, Верона и Атлас.
Маркес стана шампион на Франција и на Шпанија (четири титули), го освои Купот и Суперкупот на Шпанија, двапати Лигата на Шампионите и Мундијалот за клубови. Со репрезентацијата н Мексико триумфираше на Купот на конфедерации и КОНКАКАФ Голд Куп.