ВИДЕО: Мексико ја декласира Канада и застана на чекор од четвртфиналето

Мексико Канада

Замената на Мексико, Андрес Гвардадо, постигна два гола за да обезбеди висока победа над Канада од 3-1 во второто коло од групната фаза на Голд Купот.

На стадионот во Денвер резултатот беше отворен од страна на Роберто Алварадо. Канаѓаните се покажаа како цврст противник кој ја намачи мексиканската репрезентација во текот на сите 90 минути.

  • Извештај од натпреварот: 

Голот за утеха за Канада на 15 минути до крајот го реализираше Лукас Кавилини. Мексиканците скоро сигурно ќе играат четвртфинале, доколку не се случи чудо во последното коло на дуелот со Куба.

Претходно, кубанските репрезентативци беа шокирани и убедливо загубија од Мартиник (0-3).