• Иван Димовски
Мексико и Костарика си обезбедија пласман во плеј-офот на Голд Купот, откако двете селекции запишаа по две победи во групата А.
Мексиканците беа сигурни против аутсајдерот Суринам и славеа со 0-2 (0-0). Средбата која се одигра во Арлингтон не понуди голови во првиот дел, а потоа двоен стрелец за Мексико беше дефанзивецот Цезар Монтес кој стрела во 57. и 63. минута. Во завршницата фаворитот имаше и поништен гол на Хуерта Валера.
- Суринам - Мексико 0-2:
Костарика се измачи повеќе за да дојде до победата против Доминиканската Република (2-1). Поведе аутсајдерот на средбата во 16. минута преку Урбаез, но потоа пред полувремето Угалде израмни од белата точка (1-1). Дури во завршницата фаворитот го скрши вторпат противничкиот отпор, а победата ја донесе Алцоцер во 85. минута.
- Костарика - Доминиканска Република 2-1:
Во завршното коло Мексико и Костарика ќе играат за првото место во групата.
ФОТО/PHOTO: Gold Cup/Twitter







